Проблем: Наградуваните еднолитарски мотори на Ford почнаа да прегреваат (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на автомобили од компанијата Ford од моделите Fiesta и Focus ќе добијат можност да извршат ремонт на моторите на своите возила. Тоа ќе биде на сметка на компанијата со оглед на тоа што се утврдени проблеми со моторите.

Конкретно се работи за модификација на еднолитарските мотори Ecoboost на Ford. Овој агрегат, кој со години по ред е избран за најдобриот мотор во светот се покажа дека не е без проблеми. Истражувањето направено од BBC почнало после стотици жалби на сопствениците на возилата со моторот Ecoboost. Сите се пожалиле дека моторот прегреваи имало и други проблеми.

Покрај тоа има жалби и од сопствениците на 1,6-литарските моторот Ecoboost, кои се жалат на автоматско палење на моторот, но тие се значително помалку. Се покажа дека причината за прегревањето е проблем на една од врските во системот за ладење, што предизвикува прегревање на моторот и пукање на главата на цилиндарот.

Засега во прашање се моделите на Ford, кои се опремени со трицилиндрични еднолитарски турбомотори, произведени во периодот од октомври 2011 до октомври 2014 година. Според истрагата на ВВС се работи за 44.682 автомобили.

Жалбите на клиентите се поврзани и со тоа дека на почеток од компанијата не признавале дека тоа е нивна грешка и доколку автомобилите не биле под гаранција ги терале сопствениците да прават ремонт на сопствена сметка. Претставници на Ford веќе изјавија дека ќе ги обесштетат клиентите кои имале проблеми по вина на компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK