Пристигнува најголемиот SUV на Volvo – XC100

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител Volvo кој е синоним за квалитет минатата деловна година оствари одлични продажни перформанси проследени со пораст на продажбата за 9,8% во споредба со 2018 година.

Најголема заслуга за овој пораст имаа SUV моделите кои учествуваа со повеќе од 50% во вкупната продажба. Оттука, со цел да ја искористи популарноста на SUV возилата, Volvo наскоро ќе ја збогати понудата со XC100, SUV кој ќе се позиционира над XC90, сега најголемиот теренец во понудата на швеѓаните.

Овој модел ќе ја користи унапредената SPA платформа, а при тоа ќе биде подолг за 178 мм и за 127 мм поширок од XC90. Во понудата ќе дојде со шест и седум седишта, но и препознатливата напредна технологија на производителот.

Во понудата ќе се најде кон крајот на 2022 година, а се очекува концептот да биде претставен веќе следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK