четврток, 25 декември, 2025 година

Пристигна подновениот Skoda Superb

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Како што и претходно беше најавено, во рамките на светскиот шампионат во хокеј кој се одржува во Братислава (Словачка), Skoda како официјален спонзор на ова натпреварување ја претстави редизајнираната изведба на третата генерација на моделот Superb.

Најголемата измена е во поглед на формата на предните и задните светла кои сега доаѓаат со напредна  Matrix LED технологија. Тука е и благо модифицираната предна маска како и предниот и заден браник кој добиваат изменет дизајн. Редизајнираната изведба доаѓа и со нови 18 и 19 инчни алуминиумски фелни, а достапна ќе биде и во нови метални бои.

- Advertisement -

Во поглед на димензиите, благодарение на браниците овој модел сега е пораснат за 8 мм во должина, а должината кај караванската изведба изнесува 4.869 мм. Седанската изведба како и караванската доаѓаат со непроменети капацитети, минимални и максимални на багажниот простор.

Å koda Superb Facelift

Во ентериерот нема измени, а во понудата доаѓа со две нови комбинации на бои и тоа: Race Blue и Crystal Black. И натаму доминира централно поставениот екран на допир кој овозможува синхронизација на смарт уредите со Android и Apple сервисите. Мали модификации има и кај седиштата.

Å koda Superb Facelift

Она што не беше најавено за оваа премиера, а што позитивно ги изненади сите беше plug-in хибридната изведба од овој модел. При тоа од Skoda наведуваат дека вкупната автономија изнесува 850 км.

Во продажба доаѓа најдоцна до крајот на годината, а цените дополнително ќе бидат објавени.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја