Пристигна освежената BMW 5 – конкурентот на Audi А6 и Mercedes E Class

ОБЈАВЕНО НА:

Германски BMW на јавноста и ја прикажа одеднаш лимузинската верзија и плус караван изведната од новата BMW 5. Не само козметичките измени со новата освежена варијанта стигнуваат и многу технолошки унапредувања. Стигнува моделската 2021 каде има и 48 волтен „блад хибриден систем“ во речиси сите бензински и дизлески верзии плус два „плаг ин хибриди“.

Промените во внатрешноста се минимални. Сите пакети на новата „петка“ се опремени со BMW iDrive ‘ мултимедијален систем со 12,3 инчен дигитален екран. Системот вклучува навигација како и Apple CarPlay Android Auto за поврзување со смарт телефони. дигитализацијата ги опфаќа и инструмент таблата каде има уште еден 12,3 инчен дисплеј.

Во однос на надворешноста моделот има стандардни адаптивни ЛЕД фарови и имаат вградени ЛЕД дневни светла во вид на буквата L. Кога се менува правецот на движење бечлата светлина се менува во портокалова. Позади има и благо преобликување на стоп светлата, а видливо е дека и издувната цевка сега има нов изглед, како трапезоиди.
Ако се решите за M Sport пакет опремата тогаш има и нови браници, големи предни отвори за воздух, помал спојлер на задниот дел од багажникот и обновен заден дизфузер.

Основниот модел е 520i и има 4 цилиндричен 2.0 бензински мотор со 184 КС и 290 НМ. вртежен момент заедно со 8 степен Steptronic автоматски менувач.
Потоа доаѓа 530i со ист мотор но поголема сила – 252 КС и 350 Нм. Може да се избере и верзија со XDrive погон на сите 4 тркала.
Моделот 540i има 3.0 литарски 6-цилиндричен мотор со 333 КС и 450 НМ. Силата се пренесува на задните тркала или на сите четири (xDrive).
Врвот на понудата е BMW M550i xDrive со сила од 4,4 V8 мотор со 530 КС и 750 Нм.

Дизелската понуда почнува со 520d со 2.0 мотор со 190 КС, потоа следува 530d со 3 литарски агрегат со 6 цилиндри со 286 КС. Најсилниот дизелаш има 340 КС и 700 НМ, со мотор 3.0 и со ознака 540d xDrive.

Кога станува збор за плаг-ин хибридите, таков модел е 530e кој има бензински мотор со сила од 181 КС и електромотор од 109КС. Вкупната комбинирана сила е 292 КС. Ако се вози само на струја може да се мине околу 60 км., а максималната брзина тогаш е ограничена на 140 км/ч. Има уште еден плаг-ин хибрид, и тоа 545e xDrive со 6 цилиндри и 3.0 литарски мотор со сила од 286 КС. И тука има електромотор со сила од 109 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK