Македонците отсекогаш биле снаодлив и веш народ, а тоа го докажуваат на секој начин. Прилепчанецот Игор Трајковски користејќи делови од BMW возило и од Nissan напарви оф роуд џип со што лесно се справува со многу потешкотии како што е снегот, калта, непристапните делови од планините.
За својата душа и пасија фантазирана од детството, креира теренско возило, Змота. Тоа е новосоздаден моќен теренец, џип, за совладување на тешки препрерки на нагорнини, камења на надолните. Комбинацијата на машината и шасијата уриваат снежни наноси, излегуваат од длабока кал, совладуваат нескротливи води…
Главнината на теренецот е креирана според шеми од интернет чија изработка се вршела во неговата работилница. Нема вградено инженерски ум како за новите модели на возила. Сосема сам, со инвенција и желба, произведен е џип кој предизвикува восхит и кај неговите колеги од клубот Off road Prilep. Авантуристичкиот карактер го дизајнира џипот до совршенство во неговата класа.
Станува збор за дел од кабина на BMW 735 со бензински мотор од 3500 кубни сантиметри со сила од 211 КС и менувачот од BMW. Има туѓ редуктор, најиздржлив пренос, кардани и подвозјето од Nissan Patrol. Адаптиран е со најквалитетни специјални германски амортизери кои се прилагодуваат според конфигурацијата на теренот. Ако предното тркало е високо, амортизерот се спушта, а ако задното е високо, автоматски се прилагодува. Oпремен e со најквалитетни гуми и фелни. Односно, сите делови се најквалитетни да се спречат потенцијални дефекти. Ентериерот на внатрешноста е небаре луксузен двосед од BMW, со удобни седишта и елегантна прегледна табла. На дофат се редукторите и останатата опрема за теренец од Змота ранг. Опремен е со две макари за влечење, една хидроулична и една електрична. Регистриран е како BMW.
Повеќе за теренецот на Игор Трајковски можете да прочитате на следниот линк на Zenitprilep.