Во 2019 година светската автомобилска индустрија премина од многугодишен раст кон фаза на стагнација. Тоа ќе придонесе за намалување на продажбите во следните 2-3 години прогнозира консултантската компанија Alix Partners во новото истражување за Global Automotive Outlook 2019.
За истражувањето компанијата ги проценуваше билансите на повеќе од 300 производители на автомобили и доставувачи на делови во текот на минатите неколку месеци, а спроведе и различни интервјуа со потрошувачите.
Се покажа дека само клучните европски пазари предвидуваат годишен раст и тоа не поголем од 1% до 2026 година, што ќе ги доведе до сериозна стагнација во браншата. На американскиот автомобилски пазар работите се уште полоши. Темпото на раст на продажбите на нови автомобили ќе се смени од + 5.3% во 2018 до минус 0,1.
Кина, која беше главен лидер на пазарот на нови автомобили исто така бележи сериозен пад, кој според анализите ќе доведе до 2 милиони продажби помалку за една година.
Продажбите се намалуваат, а со нив и приходите, а во исто време производителите на автомобили делови се принудени да инвестираат во нови технологии. Во следните пет години најмалку 202 милијарди евра ќе бидат распределени во целиот свет за финансирање на технолошката транзиција кон електромобили.
Уште 43 милијарди евра ќе бидат потрошени за развој на автономни системи за возење. Според консултантската компанија тие ќе станат поконкурентни и повеќе барани отколку што претходно се мислеше. За да се компензира сето ова, производителите и добавувачите се подготвени за партнерства или дури и неочекувани спојувања со нивните сегашни директни конкуренти.