Претставени тизер фотографии од новиот DS4

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата објави неколку тизер фотографии од новата генерација на моделот DS 4.

Станува збор за хечбек модел кој се базира на новата, EMP2 платформа благодарение на која ќе биде со должина од околу 4,300 мм.

Производителот засега не открива многу детали, а познато е дека ќе располага со plug-in хибридна верзија која комбинира 1,6 литарски турбо бензински мотор и електромотор кои заедно продуцираат 225 КС.

Премиерата треба да се случи до крајот на годината, а во производство и продажба ќе се појави уште во првата половина следната година.

Останува нејасно дали овој модел ќе се произведува само во Франција или и во Малезија каде се произведуваше првата генерација од овој модел, се до 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK