Новиот Toyota Urban Cruiser е електричен автомобил. Новиот компактен SUV ќе дебитира во јануари на салонот за автомобили во Брисел, но Toyota деновиве веќе ги објави најважните податоци и факти. Сепак, моделот нема да биде „достапен“односно „нема да биде отворена книгата за нарачки“ до летото 2025 година. Така се уште е нејасно дали тоа значи почеток на нарачките или кога моделот ќе се појави кај застапниците, односно на пазарот.
Urban Cruiser е базиран на концептот Urban SUV; Пред една година беше кажано дека сериската верзија ќе започне во првата половина на 2024 година. На почетокот на 2024 година се зборуваше само за лансирање на пазарот во 2024 година; гласините велеа дека автомобилот ќе се вика bZ2X.
Со името на моделот Urban Cruiser, Toyota сега избра потрадиционално име наместо ознаката со букци и бројки . Последен пат Urban Cruiser беше виден во светот на моторите со внатрешно согорување во 2022 година; тогаш тоа беше crossover модел долг само четири метри. Технички, очигледно е сестрински модел на Suzuki eVitara.
Димензии и надворешност
Со должина од 4,28 метри и висина од 1,64 метри, новиот модел е приближно со иста големина како Smart #1 и е исто толку висок. Меѓуоскиното растојание (1.700 mm) се чини дека содржи печатна грешка; веројатно треба да гласи 2.700 mm. На тоа укажува и фактот што меѓуоскиното растојание е за 14 cm подолго од Yaris Cross, што е 2.560 mm.
должина / Ширина / Висина /м.o. растој
Urban Cruiser – 4.285 / 1.800 / 1.640 / 2.700
Suzuki eVitara – 4.275 / 1.800 / 1.635 / 2.700
Smart # 1 – 4.270 / 1.822 / 1.636 /2.750
Надворешноста изгледа слично како и концептниот автомобил. Тркалата се 18 или 19 инчи, во зависност од опремата. Тоyotа ветува и широка палета на надворешни бои, вклучувајќи двобоен изглед.
Верзијата со погон на сите тркала нуди и помош при спуштање по надолнина (hill descent assist) и режим надвор од пат (Trail mode): ако тркалото се врти во празно (нема тракција), истото се сопира и погонскиот вртежен момент се пренасочува на спротивното тркало што има тракција. Моделите со погон на предните тркала имаат режим на снег (Snow) кој, според Тоyotа, „го контролира погонскиот вртежен момент“ за да се намали ризикот од пролизнување на тркалата на патиштата покриени со снег. Ова веројатно значи дека вртежниот момент е едноставно намален.
Внатрешност
Внатре, има два монитори како и обично, со 10,25-инчен дисплеј на инструменти вториот инсталиран пониско, со екран со големина од 10,1-инчниот во дијагонала чувствителен на допир. Режимите на возење P, D, N и R очигледно се активираат со вртливо (ротирачко) копче и а на централната конзола е копче P (Parking). Се чини дека нема лопатки на воланот за прилагодување на рекуперацијата (енергијата на движењето на возилото се користи за добивање струја за електричниот погон).
Благодарение на лизгачкото задно седиште, автомобилот може да се оптимизира за транспорт на луѓе или материјали. Невообичаено за оваа класа, задните седишта може да се склопат со поделеност 40:20:40; нормално само 40:60 е можно.
Urban Cruiser е помала алтернатива на bZ4X. До 2026 година, Тоyotа планира да понуди 15 возила без емисија на штетни гасови, вклучително и шест возила на батерии, базирани на сопствена платформа. Досега, марката ги има само bZ4X и возилото со горивни ќелии Mirai на пазарот во Германија.