Претставена првата електрична Mazda (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално Mazda на стартот на саемот за автомобили во Токио го претстави првиот, целосно електричен автомобил кој го носи називот MX-30.

Естетски и димензионално, овој електричен SUV е сличен на CX-30, со многу пооштри линии, но и со многу специфичен детал. Станува збор за вратите кои ќе “позајмени” од култната Mazda RX-8.

Точните технички карактеристики сеуште не се познати. Познато е само дека има 35.5 kWh батерија. Според претходните пишувања, со едно полнење ќе може да помине до 240 км. Електромоторот ќе развива 141 КС и 265 Nm обртни моменти.

https://youtu.be/GUsjmh2FSGo

Сериското производство на овој модел би стартувало во втората половина следната година, а би се продавала во сите земји каде овој производител е присутен. Цената, неофицијално се дознава дека ќе изнесува околу 35 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK