Јапонскиот производител Toyota ја претстави третата генерација на моделот Urban Cruiser. Станува збор за модел кој е наменет за Индија, а кој се продава во Јужна Африка и околните земји. Индискиот пазар станува многу важен за производителите на автомобили, пред се поради големиот број на население и нивната потреба од мобилност. Затоа и повеќе компании прават модели што се специјално развиени за индискиот пазар.
За истиот не може да се каже дека има оригинален дизајн бидејќи во целост се темели на моделот Suzuki Vitara Brezza кој исто така се продава во Индија.
Овој субкомпактен кросовер се темели на Suzuki Global C платформата. Должината на овој автомобил изнесува 3.995 мм. Ширината изнесува 1.790 мм, висината 1.640 мм додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.500 мм. Тежината на автомобилот изнесува 1.150 кг.
Во однос на мотористиката, на почетокот ќе биде достапен само со 1,5 литарски бензински мотор. Истиот продуцира максимални 105 КС при 138 Nm обртни моменти. Во основното ниво на опременост доаѓа со 5 степен мануелен менувач, а во додатната опрема има и автоматски менувач.
Изворниот Urban Cruiser како што ние во Европа го знаеме се произведуваше во периодот од 2007 до 2016 година. Овој модел беше дел од глобаланта понуда на Toyota, но новата, трета генерација ќе се продава исклучиво во Индија. Во продажба доаѓа оваа пролет, а цената засега останува непозната.