Volkswagen и официјално го претстави новиот SUV, Tayron X. Станува збор за купе изведба на истоимениот модел кој се продава на кинескиот пазар.
Се базира на MQB платформата, а споредбено со основниот Tayron, ќе биде за 25 понизок. Меѓуоскиното растојание останува исто и изнесува 2.731 мм. Должината изнесува 4.626 мм, широчината 1.860 мм додека пак височината 1.660 мм.
Во онлајн премиерата која доаѓа откако се одложи саемот ов Пекинг се објавија и моторите кои ќе бидат достапни со овој модел. Во понудатадоаѓа со 2.0 литарски турбо бензински мотор со 186 КС како и верзија со 220 КС, а тука е и послабиот 1.4 литарски турбо бензински мотор со 150 КС.
Основниот Tayron во Кина беше воведен во септември 2018 година. Технолошки, но и естетски користи бројни елементи од третата генерација на Touareg. Во моментов во Кина, во зависност од нивото на опременост се продава по цена од 26 до 45 илјади американски долари.
Цената на X изведбата сеуште не е позната, а се очекува годишното производство да изнесува 65 илјади примероци.