Претставен новиот Toyota Highlander – поголем, поубав, помоќен

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и беше најавено, Toyota на саемот во Њујорк премиерно ја претстави четвртата генерација од најголемиот свој SUV, Highlander.

Надворешниот и внатрешниот изглед е инспириран од новиот дизајнерски концепт кој е применет кај моделот RAV4. Тоа овозможува новата генерација на Highlender да е далеку естетски попривлечна од актуелната трета генерација, а воедно и поголем и благодарение на технологијата побезбеден.

Новате генерација се темели на Toyota New Global Architecture (TNGA) платформата, а тоа овозможува да е за 60 мм подолга од третата генерација. При тоа благодарение на ова платформа, но и должината, овој модел е достапен и со три реда седишта, како и со максимален багажен простор од 2.075 литри.

Toyota Highlander

Новата генерација доаѓа со пет нивоа на опрема и тоа L, LE, XLE, Limited и Platinum. Тука се и целосно новите бои и тоа Magnetic Gray Metallic, Moon Dust, Ruby Flare Pearl, Blueprint и Opulent Amber.

Toyota Highlander

Во понудата доаѓа 3.5 литарски V6 бензински мотор со 295 КС како и хибридна верзија којаа комбинира 2.5 литарски четирицилиндрен мотор и два електрични мотори. Хибридната изведба располага со максимални 240 КС, а според објавените технички податоци, потрошувачката на овој мотор на 100 км изнесува 6,9 литри.

Моделот кој е воведен во 2000 година, а е познат и под името Kluger, доаѓа само неколку месеци по премиерата и комерцијализацијата на RAV4, а овие два модели треба да се адутите на Toyota во SUV сегментите, особено на американскиот пазар каде јапонскиот производител положува големи амбиции.

Toyota Highlander

Во продажба, неофицијално, овој модел ќе се појави во четвртиот квартал годинава, а цената се очекува да биде на исто рамниште како и на актуелната генерација која е воведена уште во 2013 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK