По долги месеци најавувања, тизери и тестирања, Land Rover конечно ја претстави новата генерација на Defender.
Оваа нова генерација се темели на MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформата која е многу поекономична во однос на претхдоните платформи развиени од страна на JLR. Како најдобра досега, оваа платформа поддржува и електричен погон кој и ќе го добие.
Екстериерно, овој модел ги има гените на својот претходни, а новитет се 22 инчните алу фелни и специјално дизајнираните гуми.
Во понудата овој модел доаѓа со три дизелски и три бензински агрегати, а точната линија зависи од регионот. Тука ќе биде и plug-in хибридната изведба.
Новиот Defender доаѓа и со бројна напредна технологија која служи како асистенција на возачот, но значително ја зголемува и безбедноста како на патниците, така и на околината.
Внатрешноста е далеку различна од актуелните екстериери кај моделите од моменталната понуда. Тоа значи дека Defender е првиот модел каде е претставен новиот кокпит. Централно место зазема централно поставениот 12 инчен екран осетлив на допир кој се очекуваше да биде далеку поголем.
Во продажба се очекува да се појави на почетокот на 2020 година, а по подолго време овој модел ќе биде понуден и на американскиот пазар. Цената останува непозната и истата се очекува да биде откриена во наредните неколку недели.