Претставен новиот DS 4 – премиум во вистинска смисла на зборот

ОБЈАВЕНО НА:

Како што беше и претходно најавено, француската PSA Групација, или по ново Stellantis, го претстави новиот DS 4.

Станува збор практично за втората генерација на овој модел кој доаѓа две години по прекинот на производството на првата генерација. Моделот е со целосно нов дизајн, инспириран од претходно претставениот DS 9, со поостри линии и секако, многу попривлечен.

Како што е од претходно познато, DS 4 се базира на EMP2 платформата. Должината изнесува 440 см, ширината 183 см додека пак висината 147 см. Овие димензии овозможуваат капацитет на багажниот простор од 430 литри кои може да нарасне драстично доколку се спушти и задната клупа.

Атлетскиот изглед дополнително го збогатуваат новите Matrix LED Vision светла како и 20 инчните фелни.

Во внатрешноста доаѓа со обработка на високо ниво која вклучува комбинација на кожа, алкантара и дрво. Тука доминира 10 инчниот инфотејнмент систем збогатен со DS Iris системот за гласовни команди, Head-up дисплејот и системот за ноќно возење.

Засега потврдено е дека во понудата ќе биде достапна plug-in хибридна верзија во комбнација со четирицилиндрен турбо-бензински мотор со 180КС и електромотор со 110КС.

Инаку овој модел за прв пат е воведен во 2010 година. Најпрво се продаваше под брендот на Citroen, а од 2015 до 2018 година и под брендот DS. Новиот DS 4, за разлика од претходниот кој се произведуваше и во Малезија, ќе се произведува исклучиво во Франција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK