Jeep претстави специјална Bronze Edition верзија на моделот Renegade. Станува збор за верзија во Deep Brown и специјални 19 инчни алуминиумски тркала со фелни во бронзена боја и кровни носачи.
Кафеавата боја доминира и во внатрешноста. Тука е стандардниот 8,4 инчен Uconnect инфотејнмент систем. Оваа верзија доаѓа и со можноста за гласовни команди, мултифункционален управувач, автоматски клима уред, панорамски покрив, систем за автоматско сопирање итн.
Под хаубата доаѓа со 1,8 литарски E-Torq четирицилиндрен бензински мотор кој продуцира 130 КС и 182 Nm.
Оваа верзија ќе се продава само во Мексико. Почетната цена изнесува 23.845 американски долари.