Претставен Jeep Grand Cherokee L

ОБЈАВЕНО НА:

Jeep ја претстави L изведбата на моделот Grad Cherokee кој доаѓа со поголеми димензии, овозможувајќи уште еден ред на седишта на задниот дел.

Новиот модел чиј изглед е инспириран од концептот Grand Wagoneer кој минатата година беше претставен на јавноста, доаѓа со меѓуоскино растојание од 3.090 мм и вкупна должина од 5.204 мм.

Во поглед на мотористиката, во понудата достапни се 3,6 литарскиот V6 мотор со 290 КС како и 5,7 литарскиот Hemi V8 мотор со 357 КС. Американските медиуми пишуваат дека ќе биде претставен и plug-in хибридна верзија, но ваква потврда од американскиот производител се уште нема.

Стандардната опрема вклучува погон на две тркала, осум степен автоматски менувач, мултифункционален управувач и 10,3 инчна дигитална инструменатална табла, а Summit Reserve верзијата доаѓа со Палермо кожа и внатрешност во новата тупело боја. Оваа верзија вклучува и предни седишта кои се електронски подесиви, истите со греење, вентилација и масажа.

Тука е и адаптивниот темпомат, системот за ноќно возење, системот за препознавање на сообраќајни знаци, одржување на возилото во сообраќајната лента, системот за автоматско сопирање, аудио системот со дури 19 звучници и многу друго.

Jeep Grand Cherokee L

Новиот модел чиј изглед е инспириран од концептот Grand Wagoneer кој минатата година беше претставен на јавноста, доаѓа со меѓуоскино растојание од 3.090 мм и вкупна должина од 5.204 мм. Во поглед на мотористиката, во понудата достапни се 3,6 литарскиот V6 мотор со 290 КС како и 5,7 литарскиот Hemi V8 мотор со 357 КС. Американските медиуми пишуваат дека ќе биде претставен и plug-in хибридна верзија, но ваква потврда од американскиот производител се уште нема.

Цената на овој модел останува непозната како и тоа дали ќе биде дел од европската понуда на Jeep.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK