Откако неколкупати папараци покажаа како ќе изгледа сериската верзија на Pоrsсhе Tаyсаn Spоrt Turismо, од компанијата од Германија и самите одлучија да го покажат комбито малку пред официјалната премиера.
Во видеото кое е долго околу две минути, одговорниот за моделите Taycan, Штефан Векбах седна зад воланот на еден од тест прототиповите.
Како што може да се види во видеото, автомобилот е со речиси подготвен изглед, но ќе треба да се покажа уште малку до премиерата, која најверојатно ќе се случи во текот на март.
За разлика од стандардниот Tаyсаn, Spоrt Turismо се разликува по редизајнираната суспензија, која ќе нуди поголем клиренс, како и нови режими на возење, кои нудат различни можности надвор од патот.
Од Штутгарт споделуваат дека комбито ќе има повеќе место за патниците позади, како и повеќе простор за багаж поради различното купе.
На изглед освен очигледната разлика во задниот дел, Spоrt Turismо се одликува со ограда на кровот, како и со декортивни пластични елекемтни на кровот. Најверојатно ќе биде виден и нов дизајн на бандажите, а многу специјални опции ќе бидат зачувани само за кренатото комби.