Пресврт: VW откупи „загадени“ дизели во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group се согласи да откупи некои возила кои имаa проблеми со нелегалниот софтвер во дизелските мотори во Германија, откако реши да не оди на суд туку да се договори со сопствениците бидејќи така ќе ја чини поевтино. Ова е првпат во Европа компанијата да откупи возила поврзани со дизелгејт за разлика од САД каде тоа го стоrи со илјадници возила.

Пресудите во прв степен на регионалните судови во Арнсберг и Бајреут станале правно oбврзувачки откако VW реши да не се жали, потврдиле адвокатите што ги застапуваат сопствениците. Од VW го отфрлаат значењето на пресудата и дека нивната одлука се базира на фактот што станува збор за постари возила кои имат помала вредност.

VW не очекува двете одлуки да имаат никакво влијание врз другите тековни случаи и, доколку е потребно, ќе го искористи своето право да поднесе жалба. VW тврди дека не се прекршени законите во Европа и затоа не гледаат потреба од конпензација за сопствениците на ваквите возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK