Пресекол Maserati на пола – направил лимузина (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Постои една изрека дека нема таков автомобил од кој Американците нема да направат продолжена луксузна лимузина. Џеј Глик од Њу Џерси, кој поседува цела флота на модифицирани луксузни лимузини, во Maserati Ghibli  видел потенцијал за преправка во овој вид на возила.

Прво автомобилот го пресекол на пола, а потоа меѓу два дела вметнал додаток со должина од 330 сантиметри. После десет месеци работа и потрошени 75.000 долари (приближно колку што чини нов Ghibli во САД) гордо го покажува продолжениот бел Maserati.

Неговиот Ghibli под хаубата има 3.0 V6 твин-турбо со фабрички 330 коњски сили (234 kW) и 450 Nm, a силата на тркалата се пренесува преку 8-брзинскиот ZF автоматик.

И додека некои се воодушевени од финалниот производ, многумина ваквата модификација на еден Maserati ја доживеаја како грдосија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK