Звукот на моторот може да покаже многу за тоа какви проблеми има со него и да сигнализира што и како може да се случува со него. Доколку има предупредувања на инструмент таблата односно се вклучат контролните сијалични тогаш задолжително користете го прирачникот од возилото.
Важно е да проверите за каков проблем се работи и потоа да го контактирате сервисот. Но и вие самите од однесувањето на автомобилот, на моторот можете да заклучите дали навистина има проблем. Се разбира потоа треба да го посетите овластениот сервис кој тоа ќе гоотстрани, но најважно е вие врз основа на она што го слушате да реагирате на време.
Промена во ритамот на моторот и губење на сила
Голема е веројатноста дека имате проблеми со палењето кај бензинскиот мотор и би требало што побрзо е можно да го контактирате сервисот и да пријавите за што се работи. Многу често трепка и сијаличката за надзор на издувните гасови (жолта боја). Не е препорачливо да се вози таков автомобил бидејќи би можела да се случи голема штета на моторот.
Силни удари во моторот
Тоа не е добар знак, а причината би можела да биде недостаток на масло во моторот кој веројатно се случил поради сериозен механички проблем во моторот. Застанете со возилото на рамна подлога и проверете го нивото на маслото. Ако таа е под минимумот назначен на индикаторот на контролната шипка, додадете масло. Меѓутоа, тоа е често краткорочно решение. Ако сте присилени да возите и немате друга можност, продолжете, но би било најдобро возилото да го однесете во сервис бидејќи со натамошно возење може да се случат поголеми оштетувања.
Неконтролирано зголемување на брзината на моторот
Промената на брзината кон зголемување после секое убрзување и моторот неконтролирано оди во повисок број на вртежи. Проблем би можела да биде спојката, а тоа би можело да значи дека треба да ја замените. Подгответе се да потрошите добра сума пари за санирање на овој сериозен дефект. Спојката може да биде истрошена, но една од причинте е и неисправно користење на спојката од страна на возачот.
Моторот не може да се стартува
Во тој случај голема е веројатноста дека во акумулаторот нема струја.
Громогласен звук
Ненадејно татнење на длабок громогласен звук може да биде предизвикан од рѓата на издувните цевки кои не се навреме заменети. Таквото возило би требало итно да се однесе на сервис бидејќи може да дојде до многу сериозни проблеми.
Кратко удирање и брзо гасење
Кратко лупање на моторот проследено со брзо гаснење може да биде поврзано со неправилно одржување на системо кој е дотраен. Внимавајте, изминатите километри не се секогаш услов за заменување наременот, туку и неговата старост, а самите делови чина околу пет процени од вкупната цена односно штетата која би можела да се случи на моторот.
Свирење на моторот
Различното свирење кај дизел моторите може да упатува на дефект на лежиштата на турбо полначите. Овој дефект уште е проседен со густ чад на издувната цевка, губење на силата на моторот, нагло трошење на маслото, а чест предизвикувач за тоа е нередовното менување на моторното масло. Исто така се можни и мали дефекти кои се јавуваат со испуштање на свиреж, како што се напукнувања на турбо цевките, па е присутен силен шум при продор на воздухот.
Проблемот не е секогаш во неисправноста на моторот
Ако звукот се случува при движење на возилото проблемот може да биде во трансмисијата, суспензијата или кочниците. Понекогаш звуците можат да бидат застрашувачки, како на пример силно стругање, а извор на бучавата може да биде заглавено камче меѓу дискот и лимот. Во тој случај можеби има помош. Обидете се кратко напред-назад да го движите возилото бидејќи така некогаш каменчето може да биде исфрлено од тркалото.
Најважно од се е на го слушате моторот како работи зашто тој кажува дали возилото има проблеми или не. Навременото откривање и отстранување на проблемот е од суштинско значењ.