Моделите од Јапонија имаат доминација во најновото рангирање на најквалитетните користени автомобили, а истото е изработено од страна на WhatCar од Велика Британија. Рејтингот е направен врз основа на резултатите од истражувањето направено кај 18.000 возачи со стаж од 4 до 10 години. Тие одговарале на прашања за техничката исправност на автомобилите и квалитетот на услугите на производителите после продажбата.
Анкетираните автомобилисти на 10. место го ставаат Volkswagen Touareg од 2010-2018 година. И покрај големата тежина и сложената конструкција германското СУВ возило не им создава проблеми на сопствениците ниту со суспензијата ниту со дефекти во електрониката. Стапката на задоволство кај сопствениците е 94,1%.
На 9. место е Honda Jazz од 2008-2015 година. Од овој јапонски хечбек се жалат само 3% од сопствениците. Слабата точка на Jazz е системот за сателитска навигација, но овој проблем е острануван во дилерските центри. Резултатот е 94.2% на задоволни сопственици.
Со рејтинт за задоволство од 94,6% Honda CR-V (2012-2018) го зазема 8. место. Една позиција подобро е пласирана уште една Honda. Се работи за турбодизел верзијата на Civic од 2012-2017 година. Од овој модел се задоволни 95% од сопствениците.
Lexus RX од 2009-2016 година е доста квалитетен автомобил и покрај големата тежина и многуте електронски системи. Задоволството кај 95,4% му го донесоа на јапонското сув 6. место. Пред Lexus, на 5. место се најде Seat Leon од 2013-2018 година од чиј калитет се задоволни 95,9%.
Со рејтинг на задоволство од 96,3% на 4. позиција се наоѓа Mitsubishi ASX од 2010-2018 година. Во Велика Британија моделот се продава со гаранција од три години, но на сметка на тоа без ограничување во максималната километража.
Audi Q3 од 2011-2018 година се пласираше на 3. место. Бензин верзиите се со помала веројатност од дизел (16% спротив 28%), а пола од жалбите се за каросеријата. Пролеми создаваат сопирачките, моторите и електричната инсталација. Расходите за ремонт надминуваат 1700 евра. И покрај тоа 96,5% од сопствениците се задоволни од безбедноста.
Благодарение на хибридната верзија која работи беспрекорно Lexus CT го зазема 2. место. Од безбедноста на јапонскиот модел се задоволни 98,8% од сопствениците.
На врвот на рангирањето се најде Toyota Yaris (2011-2018). Од моделот се задоволни неверојатни 100% од испитаниците. Четири од секои 10 испитани на прашањето што им се допаѓа кај Yaris ја споменаа безбедноста.