Интернет сајтот специјализиран за автомобилизам, https://www.carwow.co.uk во нешто повеќе од пет минутна видео презентација ги претстави најдобрите електрични возила во 2019. Секако кај нас стигнуваат малку подоцна, па и оваа препорака може да ви биде од корист. Од друга страна поради пандемијата со Ковид-19 повеќе месеци на автомобилскиот пазар беше „тапа“.
Цената, квалитетот и перформансите беа најзначајните три критериуми врз основа на кои е направено рангирањето.
Tesla, Nissan, BMW, Mercedes, се само дел од брендовите чиј возила се најдоа на оваа листа која можете да ја погледнете во продолжение.
Можеби некое возило ќе ве бендиса, па кој знае – зелено расмислувај, никогаш не знаеш кога ќе ти се исполни желбата.