недела, 25 декември, 2025 година

Преполовен увозот на половни автомобили во јануари во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако е донесен новиот Закон за увоз на возила во Македонија, во јануари бројот на половни возила што се влезени во државава е двојно помал од вообичаениот. Во јануари годинава се увезени вкупно 1.813 автомобили, покажуваат официјалните податоци на Царинската управа на Република Македонија.

Доколку ги споредиме овие бројки со јануари минатата година ќе забележиме дека има пад на увозот и на нови, и на половни автомобили. Од вкупниот број на увезени автомобили 1224 се половни, а 404 се нови.

- Advertisement -

Во јануари минатата година биле увезени 419 нови автомобили што е за 15 автомобили повеќе од годинава додека во однос на половните, минатата година се увезени 838 повеќе во однос на годинава односно увезени се 2.062 половни автомобили.

Падот се должи најмногу на заситеноста на пазарот на половни автомобили, најавените субвенции за купување на нови, но и зголемените давачки за увоз на половните автомобили кои на сила стапија од годинава.

Лани имаше рекорден број на увезени возила, и нови и половни по пауза од 10 години. Вкупната бројка е 44.000 автомобили.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја