Премиерот Борисот откри: Бугарија има 5000 Porsche-a, 241 Bentley, 84 Rols-Royce….

ОБЈАВЕНО НА:

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов им порача на богаташите во таа земја да не ги отпуштаат вработените и да продадат некои од нивните возила за да им исплатат плати. Сакајќи да покаже колку всушност се богати газдите во Бугарија, Борисов објави и бројки на тоа колку супер автомобили има регистрирано во таа земја.

Според него во Бугарија сега има: 3 автомобили Bugatti, 84 возила – Rolls Royce, 54 – Maybach, 22 – McLaren, 123- Ferrari, 87 – Lamborghini, 241 – Bentley, 311 – Maserati и 5.000 – Porsche.

Борисов беше во обиколка на кружниот пат околу Софија и објави нтересни факти за скапите модлеи што се регистрирани кај нашиот источен сосед.

Откако беше објавена вонредна состојба поради коронавирусот во Бугарија без работа останале повеќе од 70.000 луѓе. Борисов уште на 17 март им порача на газдите во Бугарија дека ако „продадат по еден автомобил од тие што ги имаат, ќе им дадат плата на работницте, а не цело време да бараат помош од државата“.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2727679624126757/?t=1

Следете не и на:

24AUTO NETWORK