За 11 декември Mercedes ја закажа официјалната премиера на новиот GLA. Станува збор за целосно нова генерација на овој модел кој ќе го освежи сегментот, а воедно ќе се наметне како главен конкурент на Audi Q2 и BMW X2.
Новиот GLA кој ќе ја замени актуелната генерација претставена во 2013 година, се темели на MFA2 платформата која сега му обезбедува зголемена пространост благодарение на поголемото меѓуоскино растојание.
Внатрешноста се очекува да не биде нешто поразлична од новата A класа, CLA и GLB. Она што е официјално познато е дека во понудата ќе дојде со два бензински и два дизелски агрегати. Тука е 1,33 литарскиот бензински агрегат со 163 КС како и 2,0 литарскиот со 224 КС. Дизелската понуда е сочинета од 1,5 литарски дизелски агрегат со 116 КС и помоќниот 2,0 литарски со 150 и 190 КС.
Досега е претставена само една генерација на овој модел со три верзии: GLA-Class, GLA фејслифт и GLA 45 AMG. Производството и на новата, втора генерација ќе продолжи во Германија, Интија, Тајланд и Бразил.