Премиерата на новата Corolla закажана за 16 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Откако објави неколку тизер материјали, а при тоа откри дека во текот на следната година ќе започне производството и продажбата, Toyota сега официјално објави дека седанската изведба на Corolla премиерно ќе биде претставена на 16 ноември годинава.

Јапонскиот производител уште порано годинава по промоцијата на новата генерација на Toyota Auris (Corolla), објави дека работи и на новата генерација на најпродаваниот седан. Иако нема многу информации околу изгледот и техничките карактеристики, повеќе од сигурно е дека седанската изведба ќе ја следи дизајнерската филозофија применета во хечбек моделот.

Со оглед на тоа што ќе ја дели истата TNGA платформа, во понудата овој автомобил се очекува да бидат понудени истите мотори како и кај хечбек изведбата, а тука се очекува да бидат понудени и двата хибридни погони и тоа 1.8 и 2.0 литарски хибридни системи.

Она што може да се очекува во новата генерација на Toyota Corolla е просторноста која секогаш била карактеристична за овој тојотин модел, високата безбедност како и најнапредната технологија развиена од страна на овој јапонски производител.

Засега нема многу информации околу точниот датум на почетокот на сериското производство и продажба, но тоа сигурно ќе се случи во текот на следната година. Исто така непознаница е и цената, но американските медиуми пишуваат дека почетната цена за основниот модел ќе изнесува околу 20 илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK