Од компанијата Nissan објавија дека сериската верзија на целосно електричниот концепрциски развој ќе биде претставен на 15 јули.
Концептот Nissan Ariya, кој беше претставен официјално за време на меѓународниот саем во Токио минатата година е со основни димензии од: должина 4.600 мм, ширина 1.920 мм и висина 1.630 мм.
Електромобилот дебитираше со системот ProPILOT 2.0, кој го надоградува својот претходник, со можност да работи заедно со навигацискиот систем на автомобили и да понуди движење според претходно утврдена рута. Откако ќе се активира на автопатот, системот е во состојба да асистира во управувањето во неколку ленти, притоа помагајќи во маневрирањето за време на менување на лентите и претекнување.
Во исто време ProPILOT 2.0 дава слобода на возачот да ги тргне рацете од воланот при движење во една лента, но постојано го следи вниманието на возачот и продолжува да биде фокусиран на патот.
При недостаток на адекватна реакција од негова страна, системот може автоматски да ја намали брзината до целосно запирање и да ги активира светлата за предупредување на опасност. Во краен случај ProPILOT 2.0 може да испрати и SOS сигнал до контактниот центар.