вторник, 25 декември, 2025 година

Премиерата на BMW X7 закажана за октомври

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Не очекува возбудлива есен. По премиерата на Mercedes ECQ и најавената на Seat Tarraco и Audi E-Tron, уште еден долго очекуван модел премиерно ќе биде претставен оваа есен. Станува збор за BMW X7 чија премиера е закажан за октомври годинава.

Премиерата на продукциската изведба доаѓа по премиерата на концептот во септември минатата година на саемот за автомобили во Фанкфурт. Уште тогаш X7 беше претставен како конкурент на GLS моделот на Mercedes.

- Advertisement -

Истиот овој SUV е развиен на платформата на серијата 7 на BMW, а во однос на моторите, опремен е со 3.0 литарски шест цилиндарски турбо мотор со 340 КС. Тука е и помоќниот 4,4 литарски Twin Turbo V8 мотор со 462 КС, а се шпекулира дека во понудата ќе се најде и V8 моторот со 530 КС. На саемската премиера во Франкфурт, овој тогаш концепт модел беше претставен со plug-in хибриден погон што значи за очекување е и дополнителен електромотор со литиумско-јонска батерија.

Во однос на останатите технички карактеристики, овој нов модел ќе има погон на сите четири тркала, а ќе биде опремен и со осумстепенски автоматски менувач. Опремен ќе биде и со LED предни светсла со ласерска технологија како и панорамски кров кој ќе биде дел од дополнителната понуда.

BMW X7 - Registro no INPI

Засега не е јасно точниот датум на премиера како и местото на премиера. Во октомври не очекува саемот во Париз каде можно е да биде премиерно претставен овој модел, но многу поизвесно е дека премиерата ќе ја има во Лос Анџелес особено ако се знае дека производството на овој модел ќе се извршува во американскиот град Спартанбург.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја