Прeкршок што се казнува со 100 евра, ама НИКОЈ не го почитува правилото

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија, а особено Скопје последнава деценија е претворено во едно големо градилиште. На секој чекор се гради, камионите постојано одат „горе – доле“, бетонот влегува во секој можен слободен дел. И таквите камиони кога излегуваат од градилиштата постојано имаат „тон“ кал на тркалата, додека се движат паѓа земја, песок, беток и сето тоа останува на патот.

Движење по таков пат не само што е опасен по безбедноста придонесува и за валкање на патот, но и опасно за учесниците, односно другите возила. А таа слика е многу честа по скопските улици.

Но, не се проблем само градилиштата. Многу наши сограѓани кои во и после врнежливите денови се враќаат од своите викендици во градските делови постојано ги прават истото. Каливи тркала, валкани возила кои тоа го разнесуваат по патот особено на местата каде што се вклучуваат од земјен пат на сообраќајна површина.

Според Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата, возач кој со возило се вклучува во сообраќај на пат со коловоз од земјен пат, градилиште или други сообраќајни површини, е должен да го запре возилото и да ги отстрани земјата и нејзините остатоци од пневматиците на возилото.

 

Во спротивно: Мандатен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде на возачот, односно ќе му се регистрираат 35 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата на овој член.

Закон има, член кој предвидува задолжување на сопствениците да ги исчистат возилата постои. Но, малкумина, или НИКОЈ не го почитува.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK