Прекинато тестирањето на автономни автобуси во Виена – еве и зошто

ОБЈАВЕНО НА:

Во јуни годинава градската управа на Виена го одобри пилот-проектот за тестирање на автономни автобуси во јавниот транспорт на овој град. Сепак, по нешто помалку од еден месец тестирањето е во целост прекинато.

Причините за оваа одлука се бројните инциденти во кои повредени се патници и пешаци. Така еден автономен минибус повреди пешак. Сепак ова е само еден од неколкуте инциденти во кои со помали повреди се здобиле патниците и пешаците, но е инцидент кој ја прели чашата.

Овој проект е предводен од Wiener Linien, градско претпријатие задолжено за спроведување и организирање на градскиот превоз како и компанијата Navya. При тоа се вложени неколку милиони евра во реализацијата на овој пилот проект.

Додека во целост не се решат овие случаи, овие автобуси и минибуси ќе останат гаражирани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK