Ако за 20 години сте сопственик на автомобил, а тој нема опција да биде автономен тоа ќе биде како да користите коњи, изјавил сопственикот на Tesla, Елон Муск на конференција во САД пред ресиси една третина од гувернерите.
“Целосно автономно. Нема да има управувач. Дваесет години? Тоа ќе биде како да имате коњ. Луѓето имаат коњи, што е кул. Ќе има луѓе кои имаат не-автономни автомобили, како што луѓето имаат коњи. Тоа би било невообичаено да го искористите како начин на транспорт “, рекол Муск.
Технологијата се движи во правец на создавање на целосно автономни возила, но прашање е дали сите ќе можат и ќе сакаат да имаат автономни возила. Човекот секогаш ќе сака да има контрола, иако сигурно е дека еден ден ќе се дојде и до нивото за кое сега се зборува.