Предвидувања од Шведска: Дизелите ќе изумрат по 2020

ОБЈАВЕНО НА:

Во услови кога електричните и хибридни возила стануваат се поголема реалност и речиси сите производители работат на нивен развој, станува очигледно дека дизелските мотори во иднина ќе изумрат, или во најмала рака ќе бидат многу ретки.

Извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон на саемот во Женева го искажа своето мислење и верување дека по 2020 година, дизелските мотори ќе станат застарени.

„Треба да направиме дизелски мотори со исто ниво на испуштање на NOx како и бензинските моторои, и додека тоа да се случи, тие ќе бидат скапи, и на долг рок тоа е негативна работа, вело Самуелсон.

Според него дизелските агрегати ќе играат голема улога во задоволувањето на CO2 барањата на ниво на целата гама, но потоа може да станат застарени.

„До 2020 година дизелските мотори ќе одиграат значајна улога. Потоа кога хибридите и електричните возила ќе станат по препорачливи во однос на трошоците и кога барањата за CO2 на ниво на цела флота ќе стигнат под 95 г/км. сигурен сум дека дизелските мотори нема да ни помогнат, изјавил тој.

Volvo планира да го претстави првото електрично возило на пазарот во 2019 година, и веруваат дека до 2025 година ќе имаат електрични верзи на сите нивни модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK