Горниот дом на германскиот парламент го отфрли предлогот за воведување ограничување на брзината од 130 км/ч. на автопатите на земјата. Идејата беше да се намалат штетните емисии во атмосферата и да се намали бројот на сообраќајни незгоди.
Одбивањето на воведување на ваквата мерка се очекуваше со оглед на спротивставување на истата од страна на политичарите, авто здруженија и производители на автомобили. Германскиот автомобилски клуб (ADAC) изрази сомнеж дека забавувањето на автопатиштата навистина би помогнало во спречување на климатските промени.
Потпретседателот на организацијата Улрих Клаус Бекер дури изрази песимизам дека таквата мерка ќе доведе до помалку инциденти, бидејќи такво нешто не е забележано во соседните земји каде има ограничувања на брзината на автопатиштата.
Отпорот од производителите на автомобили не е изненадувачка, бидејќи тие долго време инсистираат на тоа дека поадекватни мерки за заштита на животната средина се електрификација и дигитализација на транспортот. Потоа создавање автономни електрични возила кои „комуницираат“ едни со други и со самата инфраструктура. Исто така, би помогнало да се справиме со метежот, објаснуваат производителите на автомобили. А не ограничување.