Пред Tesla: Какви автомобили возел и поседувал Елон Маск низ годините

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственикот на Tesla, Елон Маск има импресивна колекција на автомобили, а истата ја збогатува со текот на годините. Некои од нив се уништени, додека други биле инспирација за одредени дизајнерски елементи во автомобилите кои денес ги прави Tesla. Така или поинаку, секој автомобил од колекцијата раскажува по малку за тоа што Маск бара во еден автомобил.

Во последно време Маск најчесто е забележуван како вози Tesla Model S – освен ако, се разбира, не реши да излезе со новиот пикап Cybertruck.

Сепак, неговата колеција низ годините е далеку побогата.

Првиот автомобил, кој Маск го купува е старото BMW 320i од 1978 година за кој плажа 1400 долари. Маск раскажува во видео за Forbes, дека го купил во 1994 година и сам го поправил. Го имал две години, кога едното тркало испаднало, а тоа е несреќа која се случила кога еден од практикантите од првата компанија Zip2 се наоѓал зад воланот на автомобилот.

Кога Маск го добил првиот бонус од Zip2, софтверната веб компанија, која ја создаваатзаедно со брат му, тој ги користи парите за да си купи Jaguar E-Type од 1967 година. Објаснува дека кога бил на 17 години му подариле книга за класични кабриолети. Кабрио возилото кое најмногу му се допаднало од книгата било Jaguar E-Type, така што си кажал дека ако некогаш може да си дозволи, ќе си купи таков автомобил. Истото возило го купил со првиот бонус чек од Zip2, кој изнесувал 40.000 долари.

„Тој автомобил беше како лоша девојка, постојано ме издаваше и ми предизвикуваше секакви непријатности“, вели Маск.

Потоа си купува McLaren F1.

„Го имав неолку години и со него направив 11.000 милји. Го возев од Лос Анџелес до Сан Франциско. Го имав како секојдневен автомобил“, зборува Маск за својот McLaren F1 во интервју за Pando Daily пред седум години.

Новиот автомобил се продава за близу еден милион долари.

Маск го вози Питер Тел, кој е коосновач на PayPal, во 2000 година, кога има судир со автомобилот. Двајцата се возат по Sand Hill Road во Менло Парк, за да го видат Мајкл Мориц, капиталист од Sequoia Capital. Маск се удира во препрека и автомобилот се врти неколкупати во воздухот. При падот, има голема штета. Гумите се уништетни, стаклата искршени, а има и многу штета по каросеријата. Автомобилот не бил осигуран.

Во 2013 година, Маск си купува Lotus Esprit, возило – амфибија, кое се користи во филмот на Џејмс Бонд, „Шпионот, кој ме сакаше“. Маск плаќа 920.000 долари на аукција.

Маск поседувал и Audi Q7, кое го инспирирало за вратите на Tesla Model S. Бизнисменот вели дека сака да го направи автомобилот, во кој вратата ќе се отвора на тесни места и ќе дозволува да се дојде до седиштата во третиот ред, без да има потреба да се поттргнат тие од вториот.

Во 2007 година, Маск поседувал и спортски автомобил, Hamann BMW M5, модифицирано BMW, кое е малку пошироко и има различни карактеристики, за да изгледа поагресивно.

Во 2012 година имаше Porsche 911, а инвеститорот откри на Twitter дека во 2017 година пријател му подарил Ford Model T.

Маск очигледно вози и автомобили на својата компанија Tesla. Тој е сопственик на Tesla Roadster, но во моментов автомобилот не се наоѓа во неговата гаража туку таа полета во вселената. Во 2018 година SpaceX ја пушти својата ракета Falcon Heavy. Внатре Маск го паркираше сопствениот Roadster со кукла-астронаут, наречен „Starman“ зад воланот.

Ракетата орбитира околу орбитата на Сонцето, минувајќи покрај Венера и Меркур, а истражувачите прогнозираат дека Roadster ќе орбитира околу сонцето во следните неколку милиони години. Маск вели дека минатата година, SpaceX можеше да лансира друга ракета, која ќе може да го стигне автомобилот за неколку години.

Во 2019 година за време на еден настан изјави дека обично вози Tesla Model S Performance, која понекога ја заменува со Model 3 Performance. Доколку е со децата тогаш вози Model X. Од декември минатата година досега Маск често е забележуван како го вози и новиот пикап Cybertruck на Tesla.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK