понеделник, 25 декември, 2025 година

Пред патување во странство: Дали ви е потребна меѓународна возачка дозвола и како се издава?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Меѓународната возачка дозвола е меѓународен документ кој овозможува управување на моторно возило во друга земја. Овој документ е исто што и домашната возачка дозвола, но со форма и содржина усогласена од (речиси) сите земји.

Доста дискутабилно е потребата од нејзино користење. Иако на форумите, но и меѓу нас кружат недоумици околу тоа дали како документ е неопходен за управување на моторно возило во странство, сепак законските регулативи налагаат неопходност на овој документ доколку сакаме да управуваме моторно возило во странство.

- Advertisement -

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај, признавање на македонската национална возачка дозвола и замена на истата е овозможено во Чешка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија и Белгија како и Австрија каде е признаена возачката дозвола само за “Б” категорија, и Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Германија за сите категории.

Понекогаш кога сте во странство и ве сопре полицијата, вие сте должен да му ја покажете меѓународната возачка дозвола, но секако може да ви биде побарана и домашната возачка.

Тоа значи дека во горенаведените земји, не вие потребна меѓународна возачка дозвола, но за сите останати земји, законската регулатива предвидува поседување на истата.

Меѓународната возачка дозвола е со трајност од 3 години и истата ја истава овластен субјект од страна на Министерството за внатрешни работи.

За добивање на истата потребни се следните документи:

Барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола;

  • важечка лична карта;
  • важечка возачка дозвола;
  • две фотографии 45x35mm;
  • потврда од Министертвото за внатрешни работи за прекшочнаа санкција забрана за управување со моторно возило и
  • доказ за извршена уплата

Истите овие документи може да ги доставите до најблиската техничка служба од каде може да го подигнете овој документ.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја