Пред 20.000 гледачи: Картинг, формула, фиќо….Сѐ на едно место (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Прво појавување пред македонската публика имаше 8 годишниот Петар Богатиновски кој „жари и пали“ во картинг првенството на Србија, со 23 победи од 24 трки. Тој возеше ревијално пред почетокот на трката.

По седум години пауза Скопје повторно виде авто трки на кружна патека, онаа добро познат апред МТВ и Скопски Саем. Адреналинот беше покачен кај сите, оние што толку време чекаа за да возат и оние што немаа трпение да видат акција на дело, престигнувања, туркања и да го слушнат препознатливиот звук на брмчење на моторот.

Билети не се продаваа, но ако треба да се даде оценка колку имаше крај патеката тогаш бројката е сигурно околу 20.000. Мора да се пофалат гледачите за своето однесување, немаше претрчувања, ниту пак проблеми. Сите сакаа да ги видат возилата, и да се радуваат на трките.

Организаторите приредија и малку изненадување на гледачите крај патеката. Пред официјалниот почеток на натпреварите од четири дивизии, по неколку кругови извозеа и гостите:
Прво, Петар Богатиновски (8 години) го провозе својот картинг. Прво појавување пред македонската публика имаше 8 годишниот Петар Богатиновски кој „жари и пали“ во картинг првенството на Србија, со 23 победи од 24 трки. Потоа имавме гостин од Косово со болид на Формула, а на трката во во дивизија 4 беше и гостинот од Србија Саво Јаничевиќ со Zastava 750.

Трката во последната 4 дивизија беше прекината предвреме поради излетувањето на Урош Бркиќ, при што две лица беа повредени меѓу кои и претседателот на Примо авј, Александар Димушевски. Лицата беа пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

Резултати од денешната кружна трка Скопје круг 2017:
Дивизија I:
Дивизија II:
Дивизија III:
Дивизија IV (до моментот на прекин):

 

Фото: Орце Поповски

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK