Празни автопатиштата во Италија по прогласување на карантин во земјата (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако коронавирусот почна да излегува од контрола италијанските власти прогласија карантин во целата земја. Досега над 7.000 лица се заболени а над 460 се починати од овој вирус. Препораките се сите да останат дома, и ако немаат потреба да не излегуваат. Италијанските улици се речиси празни, а истото е и на автопатиштата.

На еден од најпрометните автопати Верона-Бреша, од Бергамо до Милано, во нормални услови тешко може опуштено да се вози. Тогаш има врвулица од возила кои престигнуваат, се „туркаат“ побрзо да минат. Сепак, сега ситуацијата е значително различна и сега на овој дел можат да се најдат само камиони и само неколку автомобили.

Возачот на камион кој потекнува од БиХ сними дел од она како изгледаат патиштата и објасни како е да се вози.

“Автомобили нема ниту за лекови, само камиони. Никогаш не сум го искусил ова а 15 години возам низ Италија. Може да ги пресметате автомобили на прстите”, изјави возачот.

Според него, сите компании каде што тој оди во Италија работат нормално, забранети се само поголеми собири.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK