Правдата е спора 28 години, но…

ОБЈАВЕНО НА:

Украдените автомобили, моторцикли, велосипеди не ретко завршуваат раскоплени на делови, и никогаш не се откриени и вратени на сопствениците. Но, не секогаш е така. Правдата некогаш е спора, но..

Токму тоа се случило ви Италија. Крабиниерите во провинцијата Ферара јужно од Венеција откриле скутер „Пјаџо 50“ што било украден од тинејџер во 1991 година. И не само што е најдена веспата, туку и бизнисмен на возраст од 44 години, стар колку и ограбениот сопственик на Веспата, е обвинет за примање украдена стока.

Полицијата го пронашла скутерот, кој бил целосно сочуван. Тоа се случило кога мажот се обидел да го регистрира моторциклот што го купил за својот 16-годишен син.

Во извештајот на полицијата се вели дека два мотоцикли, за кои се верува дека биле делови од возило украдено во Неапол во 1995 и 1999 година, биле запленети како дел од истрагата.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK