Оваа книга спаѓа во најскапите и најретките кои се штампани досега. Има само 30 примероци, а оној кој ќе се најде на аукција бил наменет за клиент од Белгија.
Луксузно опремената книга на чии корици се наоѓа исправен коњ на две нозе со дијаманти објавена првпат во 2011 година се очекува следниот месец во Њујорк да достигне цена од околу 150.000 долари. Нејзината вредност се проценува од 125.000 до 175.000 долари, а на аукцијата која ќе биде организирана во декември ќе треба истата да биде потврдена. Која е поврзаноста на книгата со автомобилите?
Се работи за редок примерок од монографијата “The Official Ferrari Opus” која е изработена од специјална, масивна хартија и е тешка 37 килограми. На 852 страници се објавени повеќе од 2.000 екслузивни фотографии од сите автомобили кои поминале низ фрабриката на Ferrari од „цивилните“ до тркачките болиди. Секако тука се и сите возачи кои седнале зад управувачот на Ferrari на трките од 1947 година до денес.
Оваа книга спаѓа во најскапите и најретките кои се штампани досега. Има само 30 примероци, а оној кој ќе се најде на аукција бил наменет за клиент од Белгија.
Книгата е скапа и поради тоа што е обложена со квалитетна црвена кожа, а логото на Ferrari е изработено од 30 мали дијаманти кои го формираат коњот.
Оригиналната верзија се продаваше за 275.000 долари, но Ferrari се сети и на оние кои не можат да си дозволат толку, а сакаат да ја имаат во својата библиотека. Поефтините изданија имаат поинакво име и далеку помала цена. Па така изданието Енцо чини 37.500 долари, Кавалино Рампанте е 7.000, додека најевтиното Класик е само 3.520 долари.