Во првенството на ТЦР Италија нашиот возач Игор Стефановски немаше среќа ниту да стигне на целта, и повторно остана без бодови. По само пет круга налета на извртен автомобил на патеката, и по тој судар Стефановски го оштети возилото и не беше во можност да продолжи.
Од 17 возачи колку што стартуваа, петмина не ја завршија трката. Ова беше претпоследна трка од ТЦР Италија и по оваа трка Стефановски ќе остане на 52 освоени бодови.
Нашиот познат автомобилист имаше инцидент и вчера на првата трка од првенството на Италија и заврши на 14 место, иако се бореше дури и за подиум.