Полицијата за еден ден „фати“ 27 како возат без возачка дозвола

ОБЈАВЕНО НА:

За пречекорување на дозволената брзина на движење биле санкционирани 164 возач, а биле казнети и 16 мотоциклисти.

Засилените полициски контроли секојдневно ги полнат билтените на МВР и симтопатично е што расте бројот на оние што се дрзнуваат да возат без возачка дозвола или пак со технички неисправни возила. Тие се една од најголемите опасноси во сообраќајот. Полицијата секојдневно ги објавува податоците од спроведените контроли кои изразени во бројки покажуваат тренд на зголемување.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден, 23 септември изречени се вкупно 393 санкции, меѓу кои било утврдено дека без возачка дозвола 27 лица управувале превозно средство, а дури 22 возила биле технички неисправни.

За пречекорување на дозволената брзина на движење биле санкционирани 164 возач, а биле казнети и 16 мотоциклисти.

Полицијата имала и 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила биле подигнати со пајак (вкупно 177), а изречени се и 37 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK