Познати финалистите за наградата “Автомобил на Северна Америка”

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамките на саемот за автомобили кој моментално се одржува во Лос Анџелес, организацискиот одбор на NACTOY (North American Car, Utility and Truck of the Year) ги објави финалистите по поедини категории.

Во конкуренција за наградата “Автомобил на годината” се наоѓаат Chevrolet Cоrvette, Toyota Supra и Hyundai Sonata, автомобили кои успеаја во полуфиналните дуели да ги победат Porsche 911, Polestar 1, BMW 3-Series, Cadillac CT5, Mercedes-Benz A-Class, Volkswagen Arteon, Kia Soul, Mazda3 и Subaru Legacy.

Во конкуренцијата SUV на годината за финалисти се одбрани Hyundai Palisade, Kia Telluride и Lincoln Aviator додека без номинација во финалето останаа Audi E-Tron, Cadillac XT6, Lincoln Corsair, Volvo V60 Cross Country, Chevrolet Blazer, Ford Escape, Ford Explorer, Subaru Outback и Honda Passport.

Во третата и последна категорија за “Камионет на годината” во финалето копјата ќе ги вкрстат Ford Ranger, Jeep Gladiator и Ram Heavy Duty.

Победниците ќе бидат прогласени на 13 јануари следната година на специјален настан во Детроит.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK