Неколку денови откако беше објавена листата од 30-тина возила кои ги исполнуваат критериумите за влез во изборот на „Автомобил на годината во Европа“, жирито ја објави и листата на финалисти.
Тие се најсериозните кандидати за добивање на титулата, а во конкуренција се останати седум возила. Во изборот учествуваат 58 новинари од 22 земји.
Традиционално победникот се објавува за време на саемот во Женева, в година.
Финалисти на изборот за „Автомобил на годината во Европа за 2017“
Alfa Romeo Giulia
Citroen C3
Mercedes Benz E-klase
Nissan Micra
Peugeot 3008
Toyota C-HR
Volvo S90/V90