Само неколку денови по премиерата на новата генерација на моделот Серија 1, BMW ги откри продажните цени за британскиот пазар.
Така цената за основниот 118i модел изнесува 24.430 британски фунти. За оваа цена добивате 1.5 литарски мотор со 140 КС благодарение на што до 100 км/ч ќе може да забрза за 8.5 секунди.
Од друга страна, најскапата изведба ќе ја има назнаката M135i xDrive и ќе чини 36.430 фунти. Оваа е воедно и најмоќната изведба која ќе располага со 2.0 литарски четири цилиндрен мотор со 302КС што е доволно до 100 км/ч да забрзува за 4.8 секудни.
Првите испораки на новата серија 1 во Велика Британија се очекуваат кон крајот на септември.
Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]