Организаторот на едно од најпознатите рели трки – Дакар, ги објави деталите за новата сезона. Според официјалното соопштение, релито стартува на 3 јануари, а ќе се вози се до 15. истиот месец
На ова 12 дневно натпреварување, како и минатата година, ќе се одржи во Саудиска Арабија што ќе биде втор пат во историјата овој шампионат да се вози на територијата на Азија. Она што е ново е рутата.
Таа е целосно различна од минатата година. Натпреварувањето ќе започне од Џеда, а предвидено е и специјална трка во околината на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Ден одмор е предвидено на 9 јуни.
Одморот е предвиден во Хаил, а потоа натпреварувањето ќе продолжи кон Црвеното Море, се до Џеда каде и ќе заврши.