Hyundai Bayon во Германија по цена од 16.790 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Точно еден месец по официјалната светска премиера, Hyundai ги објави цените за моделот Bayon на германскиот пазар. Почетната цена на овој модел на германскиот пазар изнесува 16.790 евра.

Оваа цена вклучува 1,2 литарски бензински мотор со 84 КС и мануелен 5 степен менувач. Во основното ниво на опременост вклучува мануелна клима, дигитален радио уред со Bluetooth конекција, темпомат, паркинг сензори и сензор на мртов агол…

За 18.790 евра покрај истиот мотор се добива и 16 инчни алуминиумски фелни, задни паркинг сензори, електроника на предни и задни стакла, кожен управувач, автоматска клима… Најскапиот Bayon се продава по цена од 26.590 евра, а доаѓа со 1,0 литарскиот T-GDI турбобензински мотор кој доаѓа со 48 волтен хибриден систем. Максималната моќност изнесува 120 КС и е со автоматски седум степен менувач.

Овој модел на европскиот пазар доаѓа како конкурент на Ford Puma, Volkswagen T-Cross и Nissan Juke, а до почетокот на летото ќе биде достапен на сите европски пазари.

Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK