Познат водител остана 20 месеци без возачка дозвола

ОБЈАВЕНО НА:

Рекордната казна од 86.000 фунти беше изречена од страна на судот во Британија на популарниот телевизиски водител Ентони МекПартлин кој предизвика мала сообраќајна несреќа во алкохолизирана состојба. Тоа е најголемата казна за ваков престап во историјата на земјата.

На 18 март МакПартлин удрил со своето Mini во други два автомобили. При инцидентот немало настрадани, но според судот тоа било само прашање на среќа, а уште повеќе што на совозачкото седиште била мајката на водителот на „Велика Британија бара талент“ и “Saturday Night Takeaway”.

Полицајците кои пристигнале на местото на несреќата го доведуваат во прашање однесувањето на МекПартлин, па го проверуваат. Се покажало дека концетрацијата на алкохол во крвта на водителот била двојно поголема од предвиденото.

Освен што треба да плати огромна казна, МекПартлин ќе се прости и со дозволата во следните 20 месеци. После изрекувањето на пресудата тој јавно се извинил пред медиумите за својата постапка и објавил дека се срами од направеното.

Рекордната казна нема да му претставува голем проблем на шоуменот со оглед на тоа што неговата неделна плата изнесува 130.000 фунти, а ако посетува програма за пијани возачи ќе може да ја врати возачката дозвола пет месеци порано од предвиденото во казната.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK