Познат изгледот на Kia Sonet – мал и симпатичен кореец

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само неколку денови Kia претстави тизер фотографија од моделот Sonet и ја најави премиерата за 7 август, на интернет се појавија фотографии од изгледот на овој нов модел.

Она што се открива со овие фотографии е тоа дека овој модел доаѓа со линиско споедни задни светла. Од претходно е познато дека на предниот дел традиционално доминира тигреската маска на ладилникот како и новите LED светла.

Претходно пишувавме дека овој мал кросовер е со должина од речиси четири метри односно за 14 cm пократок од Kia Seltos. Под хаубата доаѓа со 1,0 литарски бензински мотор, но и со верзии опремени со 1,2 литаркси бензински мотор и 1,5 литарски турбо-дизелски мотор.

Kia Sonet

Премиерата на серискиот модел ќе се одржи на 7 август во Индија, а во продажба доаѓа на почетокот на септември. Засега ќе се продава само во Индија и околните земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK