Повторно фатен Hyundai i10 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во јануари се појавија првите фотографии од замаскираниот Hyundai i10, сега на интернет се објавени понови шпиунски фотографии од тестирањето на овој автомобил на Hyundai.

Третата генерација на i10 во продажба доаѓа кон крајот на оваа година, а од објавените фотографии не може да се види некоја голема драстична измена на екстериерот, со и склучок на предната маска и светла.

Нови LED светла, ентериер, инфотејнмeнт, бампери и за малку поголема просторност е она што се очекува кај новата генерација, а што може да се утврди од наведените рендери. Секако, тука се и новите бои како и мотори со кои ќе се зголеми понудата на овој мал автомобил.

Hyundai i10

Како дел од понудата на јужнокорејскиот производител, овој мал градски автомобил се појавува во 2007 година. Оваа прва генерација на пазарот беше актуелна се до 2013 година кога е лансирана втората, актуелна и во моментов генерација.

Со воведувањето на овој автомобил Hyundai конечно ќе ја освежи својата понуда на мали градски автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK