Коронавирусот е веќе минато за Кина, и таму се нормализира секој аспект од животот на луѓето, меѓу другото и авто бизнисот. Според последните податоци речиси 91 отсто од дилерите со нови возила ги отвориле салоните, а работат со половина од вообичаениот капацитет.
Како дел од Асоцијацијата на кинеските автомобилски импортери постојат 8.393 салони низ цела Кина. продавачите на кинески брендови се уште работат со намален број на посетители, и тој процент се движи околу 35 отсто од вообичаениот капацитет на посетители.
Продажбата на познатите странски брендови во домашните кинески фабрики е на ниво од 54 отсто од вообичаеното.
Оние 9,2 отсто од дилерски места што се затворени се уште немаат добиено дозволи од локалните власти за дополнителните мерки за заштита на вработените и посетителите.
Падот на продажбата во март е 47 отсто во првата половина на март бидејќи пандемијата на коронавирусот влијаеше на речиси сите бизнис активности во земјата.